Рома не знае да даде гол без Џеко

Верона и Рома ремизираа без голови во мечот од премиерното коло во Серија А. По мирното отворање на сезоната во Калчото во кое се псотигна само еден гол, погодоци недостасуваа и вториот вечерашен меч на стадионот „Марк Антонио Бентегоди“.

Римската волчица без Един Џеко не делува опасно, а босанскиот голгетер го преседе дуелот на клупа со оглед на тоа дека е во исчекување на преселбата во редовите на Јувентус.

Ниту еден од 15-те обиди на гостите не заврши во мрежата на Силвестри, тренерот Фонсека цел меч го водеше со лажна „9-ка“ со Мхитарјан како најистурен во формацијата. Ова докажува дека Џеко многу ќе и недостига на Волчицата, а ќе се види дали Аркадјуш Милик ќе биде негова идеална замена.

- Оглас -

Најнови вести