Рома од времето кога Тоти бил тинејџер немале ваков играч

Рома и Милан одиграа без победник, 1:1, во дербито од 26. коло на Серија А. Ова реми повеќе им одговараше на гостите, бидејќи „росонерите“ го задржаа четвртото место на табелата, а Рома остана петта со еден бод помалку.

Новото засилување на Милан, Кжиштоф Пјатек донесе предност за гостите во првото полувреме, но Рома израмни уште во првата минута од вториот дел. Николо Заниоло успеа да го совлада Џанлуиџи Донарума и да донесе радост за фановите на „Олимпико“.

За Заниоло ова беше трет погодок во Серија А за Рома и со 19 години и седум месеци тој е првиот тинејџер по Франческо Тоти што дал три гола во Серија А за „римската волчица“. На Тоти тоа му успеа со 18 години шест месеци во далечната 1995 година, што значи дека речиси 24 години се чекаше тинејџер да даде три гола за Рома во првенството.

- Оглас -

Најнови вести