Рома одигра одлично, но Интер покажа зошто е лидер во Серија А (Видео)

Интер освои многу важни три бода во трката за титулата откако со 4:2 победи на „Олимпико“ против Рома, во дербито од 24 коло на Серија А. Нераѕурите одлично започнаа и со голот на Ачерби кој денеска слави роденден, поведе со 1:0.

Во продолжение од првиот дел Рома се разигра и направи пресврт. Манчини израмни на 1:1, а потоа со голот на Ел Шарави стигна до предност од 2:1. Сепак, Интер не само што не се предаде туку гостите со феноменална игра во вториот дел направи целосен пресврт.

Шоуто од три гола го започна Тирам, а потоа следуваше автогол на Ангелино и Интер поведе со 3:2. Во судиското надополнување Бастони со голот на 4:2 ги реши сите неизвесности околу победникот на „Олимпико“.

Даниеле де Роси кој започна со три победи по ред откако седна на клупата на Рома, мораше да се помири дека ќе го претрпи првиот пораз како тренер.

- Оглас -

Најнови вести