Екипата на Рома само по 12 натпревари му врачи отказ на хрватскиот тренер Иван Јуриќ, а медиумите во Италија на големо шпекулираат кој ќе биде негов наследник.
Најсериозен кандидат за клупата на Римската волчица е легендарниот Роберто Манчини, кој неодамна ја прекина соработката со репрезентацијата на Саудиска Арабаија, па лесно може да се случи по осум години повторно да биде тренер на екипа од Серија А.
Манчини пред да седне на клупата на Саудиска Арабија, пет години беше селектор на Италија, а претходно и тренер на рускиот Зенит. Последниот ангажман во Серија А го имаше во периодот од 2014 до 2016, кога го предводеше Интер. Според италијанските медиуми, Рома и Манчини ќе потпишат двегодишен договор.
Но, во игра е и враќање на Руди Гарсија (ја водеше Рома од 2013 до 2016 година), а на листата на желби е и Масимилијано Алегри, но засега клубот немал директни разговори со нив.