Рома со Де Роси си ги „делка“ екипите од дното, падна и најбрзиот гол сезонава во Серија А

Рома вечерва на „Олимпико“ го порази Каљари со 4-0 во дуел од Серија А, на кој падна најбрзиот гол во италијанската лига сезонава.

Римјаните поведоа само по 61 секунда игра, стрелец беше Лоренцо Пелегрини, и тоа најраниот гол сезонава во Италија и најран за Рома во последните две години.

Ова е трета лигашка победа по ред за Волчицата откако на клупата седна Даниеле де Роси. На Де Роси му одеше во прилог и распоредот, во трите кола ривали му беа екипи кои се борат за опстанок, но во следното коло в сабота ќе играат со Интер, па тоа ќе покаже што и колку навистина може Рома.

- Оглас -

Најнови вести