Рома третпат по ред не успеа да ја победи Аталанта, Мурињо е се подалеку од ЛШ (Видео)

Екипите на Рома и Аталанта одиграа нерешено, 1-1, на Олимпико во Рим, со што и двете екипи загубија по два бода во борбата за пласман во Лигата на шампионите.

Гостите од Бергамо дојдоа во водство уште во осмата минута преку холандскиот интернационалец Копмејнерс, додека конечните 1-1 ги постави Пауло Дибала од пенал во 39-тата минута.

После 19-тото коло Аталанта останува на делба на шесттата позиција со Лацио со по 30 поени, додека Рома има бод помалку на осмото место.

- Оглас -

Најнови вести