Романец најмногу навива првенството во Бугарија да продолжи

Романскиот репрезентативец Козмин Моци најмногу навива бугарското првенство да продолжи и со својот клуб Лудогорец да стигне до сопствена колекција од 10 трофеи првак на државите во кои настапувал.

Моци пристигна во редовите на Лудогорец во 2012 година и оттогаш клубот е неприкосновен во Бугарија со освоени 8 титули по ред, во кои значаен придонес имаше и стоперот роден во Решица, Романија.

Сега му се насмевнува и деветтиот пехар како шампион на Бугарија бидејќи Лудогорец е убедливо прв до прекинот поради корона-вирусот и има недостижни 9 бода предност пред ривалите и меч повеќе за одигрување. До крајот на регуларниот дел има уште две кола, а планирано е првенството да продолжи на 5. јуни, но со плејоф и плејаут во скратен формат со по пет, наместо стаднардните 10 рунди.

Моци има и една титула со Динамо Букурешт во романското првенство и ако успее и оваа сезона да се закити со трофеј, тогаш би имал десет пехари во колекцијата, со што би им се приклучил на легендите Питер Шмајхел, Јохан Кројф и на сонародникот Мариуш Лакатуш, кои имаат по 10 шампионски круни.

На врвот се Рајан Гигс и Алфредо ди Стефано со по 13 титули, Франсиско Генто и Еузебио имаат по 12, а по нив следува група на тројца фудбалери со по 11 пехари во која се: Витор Баија, Максвел и Пол Сколс.

 

 

- Оглас -

Најнови вести