Еден од најдобрите романски фудбалери на сите времиња беше Адријан Муту, кој по завршувањето на играчката кариера, започна и тренерска. Сепак, неговата кариера беше обележана со проблемите со кокаинот, поради што и беше избркан од екипата на Челзи.
„Користењето кокаин додека бев во Челзи беше мојата најлоша одлука што можев да ја донесам во мојата кариера. Бев осамен и тажен, но ниту депресијата не ги оправдува моите постапки. Требаше да побарам помош, но не побарав. Но, сè што се случува во животот, е поука. Тој момент ме направи подобра личност, многу позрела и свесна и јас сум горд на тоа. Политиката на Челзи беше нулта толеранција за дрога. Мислам дека тоа е фер. Згрешив. Кога пристигнав во Челзи, бев многу збунет бидејќи не бев подготвен за таков начин на живот. Поминував низ турбулентен период во мојот живот и се најдов заробен во многу лаги и изговори. Бев премногу млад и осамен“, искрен е Мути.
Романецот пред да потпише за Челзи, играше и за Аргеш Питешти, Динамо Букурешт, Интер, Верона и Парма, додека по напуштањето на „Стемфорд бриџ“, беше дел од Ливорно, Јувентус, Фиорентина, Чезена, Ажаксио, Петролул, Пуне и Таргу Муреш.
Во тренерската кариера ги водеше Волунтари, Крајова, Рапид Букурешт, Клуж, Нефчи Баку и Петролул, додека беше и селектор на младинската репрезентација на Романија.