Романскиот фудбалер Константин Будеску, кој игра за Астра Ѓурѓу, се обложи со клупскиот економ дека може да даде гол од соблекувална и успеа во тоа.
Будеску ја постави топката на влезот од тунелот кој води кон соблекувалните, парите со кои се обложија со економот ги ставија на земја, и ја шутна топката толку прецизно, што таа влезе во голот. Така играчот кој има 32 години, заработи 20 леи, а ако го загубеше облогот, ќе требаше да плати 1.000 леи.
Сега веќе изразот гол од соблекувална доби друго значење. Константин кој и во минатото има давано неверојатни голови, заслужи да се радува после овој феноменален потег.
Погледнете:
https://www.youtube.com/watch?v=o6m_CF3LoUY