Романтичарите се кралеви за нерешено, одиграа без голови и со лидерот Шкендија

Работнички и Шкендија одиграа скромен меч во Скопје, со малку шанси и без ниту еден погодок во дербито на 21-вото коло во домашното првенство.

Романтичарите по рекорден 11-ти пат одиграа без победник, а беа поблиску до победата од лидерот во Првата македонска лига, но не ги искористија своите шанси за да ги освојат бодовите.

На тетовци не им одговара ниту исходот во Кратово, каде што Шкупи го победи Силекс со 1:0 и им се одближи на шест бода разлика во битката за титулата.

Чаирчани и Пелистер се единствените гостински екипи што успеаја да ги освојат бодовите денеска на дуелите од 21-вото коло. Фреди Алварес со победнички гол во 79-тата минута им донесе радост на гостите од Скопје.

Пелистер изненади во Струга и со голот на Пејаковиќ во судиското продолжение славеше со 1:0.

Најубедлива победа во оваа рунда забележа Ренова со 3:0 против Вардар. Шефити и двапати Селмани беа прецизни за Гипсарите во меч на кој најтрофејниот клуб кај нас играше со фудбалер помалку од 26-тата минута, кога беше исклучен Величковиќ.

Борец освои значајни бодови со победа од 2:1 против фенерџијата Беласица, исто како и Академија Пандев против Македонија Ѓорче Петров.

Резултати: Работнички – Шкендија 0:0, Силекс – Шкупи 0:1, Ренова – Вардар 3:0, Академија Пандев – Македонија Ѓ.П. 2:1, Струга – Пелистер 0:1, Борец – Беласица 2:1.

Табела: Шкендија 46, Шкупи 40, Македонија Ѓ.П. 35, Струга 32, Работнички и Борец по 29, Вардар 26, Пелистер 25 Силекс 23, Ренова 22, Академија Пандев 21, Беласица 12.

- Оглас -

Најнови вести