Романтична е квотата за победа на Работнички против Ренова

Новото, 16-то коло од Првата македонска фудбалска лига се отвора денеска (13:00 часот) со средбата меѓу Работнички и Ренова.

„Романтичарите“ бараат излез од резултатската криза, каде што на последните пет натпревари имаат дури четири порази, и само една победа.

Од друга страна, пак, и Ренова западна во мини криза, бидејќи на четири дуели не знаеше за триумф, кој дојде минатото коло и тоа против Борец каде што победи со 4:1.

Победата е императив за Работнички кој е на осмото место со 18 бодови, и има само еден повеќе од местото кое што носи во плеј-аутот.

Квотата за триумф на домашната екипа изнесува 1.90, а интересно е да се напомене дека на три од последните пет средби, овие две екипи играле гол-гол, а коефициентот за такво нешто да се случи и денеска е 1.82.

- Оглас -

Најнови вести