Роналд Куман по пласманот во четвртфиналето: „Ние сме Холандија, мора да играме добро“

Репрезентацијата на Холандија одигра фантастичен натпревар и ја победи Романија со убедли 3-0 во осминафиналето на Европското првенство. За Холандија ова ќе биде прво осминафинале по 2008 година, а народот во оваа земја веќе очекува повторување на успехот од 1988, кога Лалињата станаа европски шампиони.

„Понекогаш е тешко да се објасни зошто играш лошо или зошто играш добро. Денес почетокот беше тежок, но на крајот ја пронајдовме нашата игра. Единствената лоша точка беше што долго чекавме за да го постигнеме вториот гол. Имаме големи таленти во екипата. Секако дека треба нешто да се освои и тогаш веќе ќе започнат да нѐ споредуваат со генерацијата од 1988. Фудбалот оттогаш се промени, видовте и сами дека големите фаворити имаа проблеми во осминафиналето. Конечниот резултат на крајот е најважен. Ние сме Холандија и мораме да играме добро. Денешниот натпревар беше фантастичен.

- Оглас -

Најнови вести