Роналд Куман во 2008 година како да ја проколна Валенсија

Познатиот случај со унгарскиот тренер Бела Гутман кој пред 60-тина години ја проколна Бенфика, на која ѝ посака 100 години да не освои европска титула, Шпанците пред финалето на купот потсетуваат оти има уште еден сличен случај.

Во 2008 година, Валенсија го освои Купот на Шпанија, но после тоа, го отпушти тренерот Роналд Куман, и почна финансиското и социјално тонење на клубот, кој 11 години нема освоено никаков трофеј. Иако Холанѓанецот нема дадено изјава со која ја колне Валенсија, многумина се сомневаат дека тој фрлил некаква клетва. Во 2011 година, Куман предвиде дека Валенсија нема да освои ништо „уште неколку години“ и погоди.

Доколку Валенсија вечерва во финалето на Купот ја совлада Барселона, тоа ќе биде крај на проклетството, но ако слават каталонците, ќе се покаже дека можеби Куман уште долго време ќе остане последниот тренер кој освоил нешто со „лилјаците“.

- Оглас -

Најнови вести