Ден што вечно ќе се памети – Роналдињо беше брилијантен, згрме „Сантијаго Бернабеу“ во чест на велемајсторот на Барса (Видео)

Громогласниот аплауз од над 80 илјади навивачи на Реал Мадрид сè уште се памети на преполниот „Сантијаго Бернабеу“, а симпатизерите на Кралскиот клуб долго со овации го поздравуваа големиот мајстор на фудбалската игра, Роналдињо, и тоа како член на омразениот ривал, Барселона.

Волшебникот од Бразил во маестрален стил претрча половина терен и го постигна последниот гол на мечот што го доби Барса со 3:0 на Храмот на фудбалот и тогаш се случи неповторливиот гест на навивачите на лутиот ривал.

Сите присутни на Храмот на фудбалот во Мадрид станаа и со стоечки овации го поздравија Роналдињо, заслужено за неговата брилијантна изведба и два велемајсторски погодоци.

„Ова е историја на Сантијаго Бернабеу“, коментираа шпанските репортери на мечот што на денешен ден пред 15 години го доби Барселона на убедлив начин, со два гола на Роналдињо и еден на Ето.

On this day in 2005, Ronaldinho received a standing ovation from rival fans in the Santiago Bernabeú after scoring the last goal of a Real Madrid 0-3 Barcelona. from soccer

- Оглас -

Најнови вести