Роналдињо доби брутален одговор на провокацијата до Рамос (фото)

Роналдињо на интересен начин реагираше на заминувањето на Серхио Рамос од Реал Мадрид, што вчера беше потврдено на прес-конференцијата во просториите на Кралскиот клуб.

Имено, некогашниот магионичар на Барселона, сакаше да го испровоцира Рамос со фотографија од нивен стар дуел од Ел Класико дербијата, но доби брутален одговор од Шпанецот.

„Еј Серхио, дали се сеќаваш на оваа вечер?“, праша Роналдињо, а Рамос му одговори со фотографија од прославата на Реал за 30-тата титула во Шпанија, освоена во сезоната 2006/07. „Се сеќавам, но оваа од неколку месеци подоцна е далеку подобра“, одговори шпанскиот ветеран.

- Оглас -

Најнови вести