Роналдињо е уапсен, користел лажен парагвајски пасош (Фото+Видео)

Некогашниот најдобар фудбалер на светот, Бразилецот Роналдиньо беше уапсен во Парагвај заедно со брат му Роберто, кој беше негов агент за време на кариерата. Двајцата са задржани од полицијата поради користење фалсификувани пасоши.

Роналдињо и брат му се претставувале како натурализирани Парагвајци. Сите податоци во патната исправа се точни, како името, датумот и местото на раѓање, но лага е дека се натурализирани парагвајски државјани.

Роналдињо има забрана за напуштање на Бразил, вистинскиот, бразилскиот пасош му беше одземен во јули минатата година заради неплатена казна за еколошки престап. Бразилецот во Парагвај бил по покана на сопственик на едно казино.

На интернет се појави и видео од моментот кога Роналдињо беше приведен.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=51&v=eWfIbBc7hSI&feature=emb_logo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести