Роналдињо: Им благодарам на сите за молитвите (Фото+Видео)

Хотелот „Палмарога“ во центарот на Асунсион, Парагвај, ќе биде престојувалиштето на Роналдињо и братот Роберто Асис во следниот период, можеби и шест месеци. Откако платија кауција од 1,6 милиони долари, за двајцата по 800.000, судијата им одреди домашен притвор, а бидејќи Парагвај не им е дома, судењето ќе го чекаат во хотелот во којшто планираа да престојуваат за време на посетата на Парагвај, држава во која влегоа со лажни, фалсификувани пасоши.

Хотелот е со 4 ѕвездички и сигурно е многу подобра варијанта отколку затворот. При излегувањето од суд, Роналдињо беше следен од многу новинари и фоторепортери, а на еден навивач му потпиша дрес на клубот Гремио, за кој Роналдињо играше во младоста. Во хотелот беше пречекан од пријател и пријателка со кои се прегрнуваше.

По 32 дена во притвор, Бразилецот излезе, а првите зборови му беа: „Ви благодарам на сите што се молевте за мене“. Потоа седна во полициско возило и се упати кон хотелот во кој просечната цена на соба за еден ден е 64 долари.

- Оглас -

Најнови вести