Роналдињо излезе од затвор, но мора да седи во хотелска соба

Парагвајскиот суд му дозволи на некогаш најдобриот фудбалер на светот Роналдињо и неговиот брат Роберто од затвор да се преселат во домашен притвор. Тие беа зад решетки во изминатите 32 дена, а за делумната слобода платија 1,6 милиони долари.

Роналдињо и брат му се обвинети за користење лажни лични документи. До главното судење, кога ќе им се определи казната за прекршокот кој го сторија, тие ќе престојуваат во хотел во главниот град на Парагвај, Асунсион, на 3,3 километри од затворот во кој од 6 март и нема да бидат во иста соба, туку во соседни и ќе бидат под постојан надзор од полицајци за да се спречи евентуално бегство.

Додека беше во затвор, Роналдињо се дружеше со опасни криминалци, играше и мал фудбал, а на посета му дојдоа неколку поранешни парагвајски фудбалери.

- Оглас -

Најнови вести