Роналдињо ќе игра во Колумбија!

Славниот бразилски фудбалер Роналдињо привремено го прекинува пензионирањето и на 17 октомври во Богота треба да игра во дресот на клубот Индипендиенте Санта Фе, првиот шампион на Колумбија.

Засега не се знае како Роналдињо планира да замине во Колумбија, бидејќи поради проблеми со законот во Бразил, одземен му е пасошот. За некој ден ќе се објави кој ќе биде противник на Индипендиенте на тој меч на кој се најавува дека ќе игра 39-годишниот некогаш ас на бразилската репрезентација и повеќе големи клубови од Европа и Бразил.

Доколку навистина се појави, тоа ќе биде уживање, бидејќи Роналдињо е една од ретките суперѕвезди кои со насмевка на лицето го играа фудбалот.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести