Роналдињо ќе ја признае вината, и ќе биде пуштен да си оди во Бразил

Еден од најдобрите фудбалери во последните 20-тина години, Роналдињо, и брат му Роберто Асис, наскоро е бидат пуштени на слобода од парагвајските власти, откако нивните адвокати се договориле за признавање на вината.

Парагвајскиот јавен обвинител побара затворање на истрагата против Бразилците и во консултација со судијата, закажаа финално сослушување после кое Роналдињо и брат му, откако ќе признаат дека се виновни за делото за кое се обвинети, ќе бидат ослободени. Тие подолго време се наоѓаат во хотел во Асунсион, каде се во куќен притвор.

Роналдињо и брат му заглавија во притвор поради влез во Парагвај со лажни пасоши, па пред да бидат ослободени да си одат во родната земја, ќе треба да платат 200.000 долари. Притоа, Роналдињо ќе смее да патува и да го напушти Бразил кога сака, но ќе мора да ги извести парагвајските власти колку време ќе биде отсутен, додека брат му две години нема да смее да го напушти Бразил.

Истотака, браќата со 2023 година ќе мора на секои три месеци да се пријавуваат во федералниот суд во Бразил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести