Роналдињо: Меси мора да остане во Барса, тој е историја на клубот

Некогашната голема ѕвезда на Барселона и поранешен најдобар фудбалер на светот, Роналдињо, изјави дека Каталонците не смее да дозволат Лионел Меси да си замине од клубот.

„Се надевам дека Барселона ќе ги реши проблемите. Меси мора да остане. Тој е историја на клубот“, вели Роналдињо.

Меси од 1 јули е слободен играч. Тој како млад тинејџер во 2000 година од Њуелс олд бојс замина во Барса, а оттогаш првпат е во ситуација да не е под договор. Клубовите кои минатото лето сакаа да го купат, сега како да се оладија и за очекување е Меси да остане во Барселона. Но, до почетокот на новата сезона во шпанската лига (15-ти август) има само уште 20 дена, а Меси е на одмор по освојувањето на Копа Америка и чека расплет.

Барса нема доволно пари за плата на Меси, мора да ги продаде Гриезман или Кутињо, а засега никој не сака да ги купи за толку многу пари колку што бара Барселона. Ако Меси прифати да зема двојно помала плата од досегашната, може набрзо да има договор.

- Оглас -

Најнови вести