Роналдињо му ја предаде штафетата на Меси, останатото е историја (видео)

Датумот 1 мај е посебен за Лионел Меси. Капитенот на Барселона пред точно 15 години ја отвори сметката во дресот на Барселона постигнувајќи го дебитантскиот гол, за до денес да брои неверојатни 627 погодоци за актуелниот шпански првак.

Тогаш 17-годишниот Меси доби прилика да одигра во финишот од мечот против Албасете, а само неколку минути по влегувањето во игра да се запише во листата на стрелци. За конечните 2-0 Меси погоди во 90-та минута при асистенција на Роналдињо, а само моменти претходно му беше поништен еден гол поради недозволена позиција.

Роналдињо со едно додањава ја отпиша целата противничка одбрана, а Меси покажа дека во наредниот период како од шега ќе ги постигнува головите со лоб удар.

Интересно е што на ист датум, 1 мај, во ланската сезона од Лигата на шампионите, Меси го постигна 600-от гол за Барселона во сите натпреварувања со магичниот слободен удар против Ливерпул во полуфиналето.

- Оглас -

Најнови вести