Роналдињо на светот му даде нов предизвик, кој ќе танцува најдобро ќе добие награда (Видео)

Бразилецот Роналдињо секогаш наоѓа начин како да остане во центарот на вниманието, иако веќе одамна е надвор од фудбалскиот терен. Некогашниот најдобар фудбалер на својот инстаграм профил се пофали со нов вид на танц и даде задача на сите негови фанови. Оној кој ќе успее најдобро да го имитира неговиот танц, ќе добие маица со автограм од Роналдињо.

„Објавете видео со хаштаг #PassinhoDaTropa, а најдобриот ќе добие маица со мојот потпис“, напиша Роналдињо во описот на своето видео.

Фановите на Роналдињо веднаш започнаа со имитација на танцот, а не се знае кога точно Роналдињо ќе го прогласи победникот.

- Оглас -

Најнови вести