Роналдињо не ја загуби магијата, неверојатен дриблинг на Бразилецот на мечот на легендите на Барса (Видео)

Иако веќе осум години е во фудбалска пензија, Роналдињо Гаучо, го користи секој момент да заигра на ревијален натпревар, а на последниот покажа зошто многумина го сметаа за најталентиран фудбалер на сите времиња.

Роналдињо беше дел од тимот на легендите на Барселона кои играа на гости кај легендите на Макаби Хаифа.

За Барселона која славеше со 5:1 покрај Роналдињо играа и Жули, Савиола, Ривалдо, Ван Бронкхорст, а токму Бразилецот го имаше потегот на натпреварот со кој ги крена сите фанови на нозе.

Погледнете го мајсторскиот потег и дриблинг на Роналдињо.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести