Роналдињо не мисли дека Меси е најдобар во историјата

Бразилската легенда Роналдињо, кој своевремено играше заедно со Лионел Меси во Барселона, за шесткратниот аргентински освојувач на Златната топка не мисли дека е најдобар во историјата, туку најдобар во неговата ера, поточно во најновата историја.

„Мило ми е за Меси што ја освои наградата, тој ми е пријател. Не ми се допаѓаат споредбите со оние што некогаш играле, тешко е да кажете кој е најдобар на сите времиња. Секој бил најдобар во свое време, Марадона, Пеле, Роналдо, не можам да кажам дека Меси е најдобар во историјата, но најдобар е во неговата епоха“, рече Роналдињо на еден настан во Мексико, каде што настапи на ревијален меч на покана од Куантемок Бланко.

- Оглас -

Најнови вести