Роналдињо не жали за забавите: Немаше да бидам подобар ако не излегував!

Роналдињо кој на светот му покажа дека за да бидете најдобар фудбалер може тоа да го правите и со постојано насмевка, а не да се однесувате како машина од типот на Кристијано Роналдо или Лионел Меси, воопшто не жали за тоа што го правел во минатото, иако многу негови фанови сметаат дека тој ќе бил и најдобар на сите времиња ако не беа честите вечерни забави на кои присуствуваше тој.

Бразилецот имаше шмек додека играше, со голема леснотија минуваше низ противничките одбрани, но ако се погледнат бројките, резултатите, тој е далеку зад Кристијано и Меси, иако тие ја немаат неговата магија во играта и пристапот.

„Не жалам за минатото. Не мислам дека би бил позадоволен од мојата кариера, и не мислам дека ќе имав подобра кариера ако се забавував помалку“ – вели човекот кој често нозете наместо на тренинзи и натпревари, ги трошеше на подиуми во дискотеки.

- Оглас -

Најнови вести