Роналдињо не сакајќи го издал Боатенг кај жена му

Кевин-Принс Боатенг, кој летово објави крај на својата фудбалска кариера, раскажа интересна анегдота од времето на неговиот престој во Италија, а во која вмешан е и неговиот поранешен соиграч на Милан, Роналдињо.

Иако заедно играа само половина година, тие се спријателија, но во една ситуација Бразилецот не сакајќи го издал Боатенг на жена му.

„Понекогаш одев на забави со него. Секогаш на жена ми ѝ велев дека ќе одам да играм покер. Една вечер телефонот почна да ми вибрира во 4 часот наутро. Видов дека е Рони, но не му кревав. Жена ми инсистираше да се јавам, а јас не сакав бидејќи знаев дека е некаде на забава и дека можеби е пијан. Го намалив звукот и се јавив. Каде си?, ме прашуваше тој на цел глас, а во заднина се слушаше многу гласна музика. Му кажав дека сум во кревет и спијам. Ајде, кажи ѝ на жена ти дека ќе играш покер, ми рече. Ова го слушна и жена ми, која тогаш дозна дека сум ја лажел дека играм карти“, раскажа контроверзниот Боатенг, кој до ден денеска е близок со Роналдињо, кого во 2017 година го нарече и најдобар фудбалер на сите времиња.

- Оглас -

Најнови вести