Роналдињо пред некој месец излезе од затвор и веќе заработи милион евра (Видео)

Минатата 2020 година беше многу тешка и за фудбалската легенда Роналдињо, кој 171 ден беше во затвор и куќен притвор во Парагвај, но некогаш најдобриот фудбалер на светот се снајде и повторно е во добра финансиска состојба. Според бразилските медиуми, тој за четири месеци заработил околу 1 милион евра.

Бразилецот сними музички спот во своето студио, снима реклами, а почна да произведува и алкохолни пијалоци (џин кој се вика Р-ОНЕ). Во музичкиот спот кој за десетина дена има речиси два милиони прегледи, Роналдињо е во една од главните улоги, заедно со голем број атрактивни девојки.

Во оваа 2021 година, треба да излезе и филм за неговиот живот.

- Оглас -

Најнови вести