Роналдо би се откажал од 10 милиони евра од годишната плата, но и така е скап за Атлетико Мадрид

Кристијано Роналдо би се откажал најмногу до 30 проценти од годишната плата што ја има во Манчестер јунајтед и би прифатил да игра за Атлетико Мадрид и за 20 милиони евра на годишно ниво, но и тоа е премногу за Јорганџиите.

Беше објавено дека Диего Симеоне размислува да го ангажира 37-годишниот напаѓач, но сега и тој и Атлетико полека се дистанцираат од таков трансфер.

Роналдо побара од Манчестер јунајтед да му дозволат да си замине, но засега нема заинтересиран клуб, иако шпекулации имаше многу.

Неговиот менаџер, Жорж Мендеш, објави дека Роналдо би се откажал најмногу до 30 отсто од неговата сегашна плата во Манчестер јунајтед, која изнесува речиси 30 милиони евра, но и со попуст е прескап.

Атлетико е само еден од клубовите за кој се шпекулира дека би можело да го ангажира Португалецот.

Претходно Мендеш го нудеше популарниот ЦР7 на Пари Сен Жермен, Челзи и Баерн, но нема конкретен интерес од трите гиганти, кои заедно со Атлетико не се премногу заинтересирани за ангажман на Роналдо.

 

- Оглас -

Најнови вести