Роналдо да играше за Бразил, досега ќе имаше пет Мундијали

Бразилскиот репрезентативец и член на Јувентус Данило, откри интересен разговор кој го имал со Кристијано Роналдо кога првпат се запознале. Данило вторпат во кариерата дели соблекувална со Португалецот, сега во Јувентус и претходно во Реал Мадрид, а вели дека Роналдо му кажал дека Бразил ќе имаше освоено уште пет Мундијали ако и тој играл за нив.

„Добро го познавам од периодот кога игравме заедно во Реал и мило ми е што повторно соработувам со него. Покрај неговиот квалитет, посебна карактеристика на Кристијано е што посветува внимание на секој детал, а неговите успеси се резултат на тоа. Еднаш ми кажа дека ако и тој бил дел од репрезентацијата на Бразил, досега ќе имал освоено пет Светски првенства“, изјави Данило.

Од сите можни клупски, интернационални и индивидуални трофеи, на Роналдо му недостига само светска круна, додека со Португалија ја покори Европа во 2016 година.

- Оглас -

Најнови вести