Роналдо денес слави роденден и најави: Ќе играм и по 40-тата година

Кристијано Роналдо денеска полни 38 години и ова е прв негов роденден што го слави како играч во клуб кој не игра во Европа. Португалскиот ас пред Нова година потпиша за Ал-Наср во Саудиска Арабија, а според договорот, таму ќе ги игра и следните две сезони.

„Ќе имам максимум уште две-три години и потоа ќе се повлечам. Тоа е планот, но никогаш не се знае. Животот е динамичен и често работите не излегуваат онака како што планирате. Никогаш не знаете што може да се случи“, рече Роналдо.

Португалецот кој во кариерата досега има постигнато рекордни 820 голови, вели дека предизвик му е да постави некои рекордни достигнувања во Саудиска Арабија.

„Во Европа ги срушив сите рекорди и сега сакам да срушам неколку рекорди тука. Дојдов во Саудиска Арабија да играм, да победувам, да уживам“, вели Роналдо кој е роден на денот познат како еден од најпопуларните за светски познати фудбалери.

На 5 февруари роденден слават и Нејмар (31 години), Карлос Тевез (39), Ѓорѓе Хаџи (58), Ведран Чоркула (37), Аднан Јонузај (28)…

- Оглас -

Најнови вести