Роналдо доби корпа и од Спортинг?

Кристијано Роналдо по враќањето во Манчестер и разговорите со управата, побара спогодбено да се раскине договорот, кој му важи до идното лето. Не го доби тоа што го посакуваше, ниту Јунајтед има намера да го продаде иако Португалецот инсистира да игра за клуб кој настапува во Лигата на шампионите.

Повеќе европски гиганти му ја затворија вратата, па се надеваше дека матичниот клуб ќе му излезе во пресрет. Но, се чини дека и Спортинг не го сака Роналдо за да се избегне нарушување на динамиката на екипата која ја води Рубен Аморим.

Токму тренерот на Лавовите од Лисабон смета дека евентуален камбек на Роналдо по речиси две децении повеќе ќе донесе проблеми отколку позитивен фидбек. Дополнително енормната плата на Роналдо е нешто што Спортинг нема намера да го финансира. Сето ова го известува добро запознатиот новинар на британски „Атлетик“, Лори Витвел.

Речиси нема повеќе опции за Кристијано освен да се помири со фактот дека следната сезона ќе настапува во Лигата на Европа наместо да ги надградува рекордите во европската елита. Којзнае, можеби до 1 септември работите ќе се сменат, ќе се појави клуб кој ќе го истрпи Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести