Роналдо добил една сериозна понуда и таа е да остане во Премиер лигата

Кристијано Роналдо е слободен играч и самостојно тренира во Мадрид за да остане во форма, во пресрет на зимскиот преоден рок кој започнува на 1 јануари 2023 година. Капитенот на португалската репрезентација доби раскин на договорот од Манчестер јунајтед, но последните најави се дека Роналдо ќе остане во Премиер лигата и тоа во клуб кој има за цел да се избори за место во Лигата на шампиони.

Њукасл е единствениот европски клуб кој сериозно размислува да го доведе Роналдо во своите редови. „Кристијано сака да остане во Европа, но досега нема добиено ниту една конкретна понуда. Единствено Њукасл се интересира“ анализира новинарот Ди Марцио.

Пред една година, Њукасл дојде во сопственост на саудиски милијардер и тоа е најбогатиот клуб во светот. По досега одиграните мечеви во Премиер лигата, Њукасл е трет на табелата со 30 бодови и целта на клубот е следната сезона да игра во Лигата на шампиони, омиленото натпреварување на Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести