Роналдо е спас за Јувентус, реми на градското дерби во Торино

Шампионот Јувентус се спаси од прв пораз од Торино по 10 меча по ред со голот на Кристијано Роналдо во 84. минута. Во свој стил Португалецот со надмоќен скок и прецизен удар со глава ја анулира предноста на Торино од првото полувреме и го спаси првакот од пораз во големото градско дерби на Торино.

Саша Лукиќ во 18. минута им донесе предност на популарните „бикови“, а резултатот 0:1 беше актуелен до 84. минута, кога Роналдо израмни и го постави конечнито резултат.

За Португалецот тоа беше 21. гол во Серија А, со што повторно стаса на делба на второто место на листата со најдобри стелци, заедно со Пјонтек од Милан и Запата од Аталанта. На врвот е Фабио Кваљарела со 23 погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести