Роналдо го препорачува Кејлор Навас за голман на Јуве

Кејлор Навас не е среќен што ќе ја има улогата на резерва на Тибо Куртуа во Реал Мадрид, па Костариканецот можеби во јули ќе си замине од Кралскиот клуб. Неговата следна дестинација би можела да биде градот Торино и тој да го чува голот на Јувентус.

Олеснувач во преговорите меѓу Навас и Јуве е Кристијано Роналдо. Португалецот знае дека Навас не е среќен што ќе брани само во шпанскиот куп, а ЛШ и првенството ќе бидат за Куртуа, па на раководството на „старата дама“ му препорачал да почне преговори со искусниот Навас.

Јуве сезонава како голмански тандем ги има Матија Перин и Војќех Шченсни, но тие не се на нивото на еден Џанлуиџи Буфон, кого го имаа до минатата сезона, а Роналдо смета дека и Навас е многу поквалитетен од нив.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести