Роналдо ќе го пропушти гостувањето во Беневенто?

Кристијано Роналдо најверојатно ќе го пропушти гостувањето на Јувентус кај Беневенто во рамките на деветтото коло во Серија А. Андреа Пирло одлучи да го одмори Португалецот така што комплетно ќе го изостави од екипата за утрешниот меч, известуваат италијанските медиуми.

Пирло во нападот најверојатно ќе комбинира меѓу Мората, Дибала и Кулушевски, во обид да се дојде до петта победа во првенството и приклучок на водечкиот Милан во трка за Скудетото.

Добра вест за Бјанконерите е што Леонардо Бонучи закрепна и ќе конкурира за настап, што е олеснување за стратегот на Старата дама со оглед на бројните повреди во изминатиов период.

- Оглас -

Најнови вести