Роналдо и Португалија ќе бидат ефикасни против Џеко и соиграчите

6725 Ф. Острови – Чешка (20.45 часот)

Чешка е апсолутен фаворит во дуелот со селекцијата на Фарски Острови која изненадувачки одигра без голови против Молдавија во првото коло од квалификациите за ЕП 2024. Чешка е лидер во групата Е со четири бода по првите два меча, но направи кикс во претходното коло, играјќи без голови на гостувањето кај Молдавија. Ф. Острови и Чешка досега играле петпати меѓу себе и на сите пет меча славеле Чесите, а последниот дуел од минатата година го добија со убедливи 5:0.

Предлог тип: 2&1+I & 1+II (1.73)

 

6729 Португалија – БиХ (20.45 часот)

Португалија во првите две кола од квалификациите се загреваше против Лихтенштајн и Луксембург, додека БиХ, загуби во второто коло од Словачка. Ова е една од најтешките групи во која покрај Португалија и БиХ, се наоѓаат и Исланд и Словачка и победите на домашен терен се императив иако Португалците предводени од Кристијано Роналдо, се апсолутни фаворити за првото место. Во досегашните четири меѓусебни пресметки, Португалија славела на три, а еден натпревар завршил без голови и за очекување е Португалија вечерва да ги освои бодовите и да има голови на „Луж“ стадионот во Лисабон. Последниот меѓусебен натпревар заврши со убедливи 6:2 за Португалија.

Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (1.94)

 

6723 Белгија – Австрија (20.45 часот)

Белгија квалификациите за ЕП ги започна со убедлива победа од 3:0 над Шведска во Стокхолм и денеска игра против уште еден директен конкурент за првото место на табелата, Австрија. Австријците славеа во првите две кола против аутсајдерите Естонија и Азербејџан, но вечерва се големи аутсајдери.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.65)

 

6721 Норвешка – Шкотска (18 часот)
Ерлинг Халанд имаше фантастична сезона на клупски план, со Манчестер сити ја освои тројната круна, но не му оди со репрезентацијата на Норвешка. Норвежаните во првите две кола не успеаја да слават, очекувано загубија од Шпанија, но неочекувано ремизираа против Грузија и затоа победата е императив на вечерашниот дуел. Шкотска пак, изненадувачки, по две кола има две победи, од кои едната е над Шпанија (2:0). Последен пат овие две репрезентации играле пред една деценија, и на него Шкотска победи со 3:0.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.91)

 

6722 Албанија – Молдавија (20.45 часот)

Албанија во вечерашниот дуел против Молдавија влегува како фаворит, иако се наоѓа на последното место во својата група. Албанија загуби во мартовските квалификации од Полска со 1:0, додека Молдавија двапати ремизира. Последните два меѓусебни меча се одиграа пред четири години и Албанија славеше со 4:0 и 2:0, а притоа нема пораз во дуелите со Молдавија. Во четирите победи, Албанија постигна вкупно 12 гола, а само еден меч завршил без голови.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.08)

- Оглас -

Најнови вести