Роналдо ја игра последната сезона во Јувентус, познато каде сака да ја заврши кариерата

Кристијано Роналдо наводно ќе го напушти Јувентус по крајот на сезоната, иако договорот со Бјанконерите му важи до јуни 2022 година. Португалецот веќе му кажал на својот менаџер Жорж Мендеш дека посакува кариерата да ја заврши во редовите на Пари Сен Жермен.

Овие тврдења ги истакна познатиот новинар Фабио Сантини, по што шпекулациите околу заминувањето на Роналдо од Торино се реактивираа.

„Роналдо му посочи на својот менаџер дека сака кариерата да ја продолжи во ПСЖ. Ќе видиме што ќе се случи во текот на летото, но се чини дека Кристијано ја игра последната сезона во дресот на Јувентус“, посочи Сантини во емисијата „7 Gold“.

Во актуелната сезона Роналдо во 28 настапи постигна 25 погодоци во сите натпреварувања, од кои 18 се во Серија А, со кои ја предводи трката за Златната копачка во Италија.

- Оглас -

Најнови вести