Роналдо: Кога Барса победува – ура Меси, а кога губи, сите се виновни, само не Меси

Елиминацијата на Барселона во полуфиналето од Лигата на шампионите е топ тема веќе неколку дена. Ливерпул направи невиден подвиг, надополни три гола разлика, па со 4-0 ги тресна Каталонците за делириум на „Енфилд“. Втора година во низа шпанскиот првак испушта три гола предност од првиот меч, а во реваншот потполно потфрлува и трпи елиминација. Прво од Рома, па сега од Ливерпул…

Последниот европски трофеј Барселона го освои пред четири години во Берлин, во финалето славеа против Јувентус со 3-1. Од тогаш, натпреварувањето го завршуваа во четевртфиналето и оваа сезона во полуфиналето. Воедно, во сите реванш-натпревари на гости, Барса не постигна ниту еден гол против Атлетико Мадрид, Јувентус, Рома и пред два дена на „Енфилд“.

Кога доаѓа моментот да се истакне виновникот за неуспехот, прв на тапет е тренерот, а потоа цел тим, но никогаш Лионел Меси. Тоа не му се допаѓа на поранешниот голгетер на Реал Мадрид, Роналдо да Лима.

„Барселона има одлична екипа, го имаат најдобриот фудбалер на светот, ако не и на сите времиња, но има нешто што не ми се допаѓа кај нив. Кога тие победуваат, тогаш го величат Меси, но кога губат, вината паѓа на Валверде, Суарес, Кутињо, но никако на Меси. Тоа не е праведно ниту кон останатите играчи, ниту кон тренерот кој го води гигантот од ‘Камп ноу’“, истакна Роналдо.

Категорично, Роналдо е во право. Меси блескаше во првиот дуел против Ливерпул постигнувајќи два гола, од кои вториот беше вистинска мајсторија од слободен удар, но на „Енфилд“ сосема се изгуби на теренот. Дури има статистика колку всушност Меси беше незабележлив во Ливерпул, а таа можете да ја видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести