Роналдо на дело – Голем фудбалски ас и уште поголем добротвор

Кристијано Роналдо уште еднаш на дело покажа дека е спортска величина со донации во Португалија, но и со помош на својот сегашен клуб Јувентус.

Човекот што безброј пати учествувал со хумани дела за помош на социјално загрозените категории на луѓе овојпат донираше еден милион евра за болница во Португалија, подари пет респиратори во родниот град Мадеира и се откажа од сума од 3.8 милиони евра од платата за да му помогне на Јувентус да ја прегрми кризата со Коронавирусот.

Се шпекулираше дека Кристијано ќе го напушти Јувентус, откако замина во Португалија, но тој возврати со големи дела на критиките дека побегнал од Торино.

Јувентус го имаше првиот фудбалер во Италија што се зарази со Коронавирус. Даниеле Ругани веќе ги прегрме сите проблеми и има негативен тест, заедно со Пауло Дибала. И Блејз Матуиди од редовите на Старата дама имаше позитивен тест на Коронавирус.

Италија е една од трите најпогодени земји со опасниот вирус, заедно со Шпанија и со САД.

- Оглас -

Најнови вести