Роналдо не сакаше да го доигра мечот, ја фрли и капитенската лента (Видео)

Кристијано Роналдо ретко кога бил толку лут по завршување на некој меч. Капитенот на португалската репрезентација, воопшто не сакаше да го доигра дуелот во Белград против Србија, во квалификациите за пласман на СП 2022 година, а причината е непризнаениот погодок во 93 минута.

При резултат 2:2, Роналдо даде гол, но судиите не забележаа дека топката ја помина гол линијата, а ВАР технологијата и гол-линија системот не се користат во мечевите од квалификациите за СП 2022 година, па судиите решија дека нема погодок.

Фактот дека судиите не досудија гол, го збесна Роналдо. Кристијано започна да мафта со рацете дека веќе нема да игра на овој меч (иако веќе беа секунди во прашање до крајот), а потоа ја фрли и капитенската лента на земја и си замина.

 

- Оглас -

Најнови вести