Роналдо објасни зошто не сакаше да стане капитен на Јувентус (Видео)

Кристијано Роналдо вчера повторно беше како во своите најдобри фудбалски денови. Уште во првото полувреме даде два гола во дуелот против Удинезе за сигурен триумф од 3:1. Со тие два гола, Роналдо стана единствениот играч во топ-5 лигите што има дадено барем 10 погодоци во сите натпреварувања во последните 15 сезони.

Освен што блесна со фудбалски потези, Роналдо покажа и почит кон соиграчите. На 10-тина минути пред крајот на средбата, тренерот Маурисио Сари го извади од игра Гонзало Игуаин, кој ја носеше капитенската лента. Аргентинецот тргна кон Роналдо и му ја подаде капитенската лента, но тогаш Кристијано направи потег за паметење.

Првата ѕвезда во Јувентус реши да не ја стави капитенската лента на својата рака, туку истрча до Матуиди и покажа дека на теренот има играчи кои се многу подолго од него во Јувентус и пред него заслужуваат да бидат капитени.

https://twitter.com/i/status/1206445707693056000

 

- Оглас -

Најнови вести