Роналдо планира да прави империја

Роналдо Назарио да Лима планира да прави мала империја од европски клубови. Поранешната бразилска ѕвезда пред една година купи 51% од акциите на шпанскиот прволигаш Валјадолид, а сега има намера да го прошири својот бизнис.

Роналдо откри дека разгледувал неколку опции во Англија, но дека таму клубовите се премногу скапи, па се насочил кон Португалија, каде што потрагата за нов клуб уште е во тек.

„Точно е дека барам да купам уште еден клуб. Разгледував неколку опции во Англија, но клубовите се прескапи за мене и во првата, а и во втората дивизија. Сè уште трагам за клуб во Португалија“, истакна Роналдо, а потоа објасни како успеал да стане сопственик на Валјадолид.

„Бев во Русија и добик повик од човек кој е поврзан со клубот. Барав клуб со историја, а Валјадолид беше полн погодок. За клуб оддалечен на час и 40 минути од Мадрид, цената беше прифатлива. Клубот постои 90 години, долго време се натпреварува во најсилната шпанска лига и е единствен шпански клуб кој доаѓа од град во којшто живеат 300.000 жители. Тоа беше вистинска прилика за мене и не згрешив што ја искористив“, додаде Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести