Роналдо потврди дека е Мистер Лига на шампиони и на Манчестер јунајтед му донесе историски пласман во нокаут-фазата (Видео)

На Манчестер јунајтед не му оди најдобро во англиското првенство, но, сепак, кога се работи за мечевите од Лигата на шампионите, тука е јасно дека Кристијано Роналдо е феноменален.

Токму Роналдо ги предводеше Црвените ѓаволи до победа на гостувањето кај Вилјареал, со која англискиот гигант си обезбеди место во нокаут-фазата од Лигата на шампионите.

Беше 0:0 до 77-мата минута, кога Роналдо со еден магичен потег го лобуваше домашниот голман и ја најави победата на Манчестер.

До крајот на средбата, односно во 90-тата минута, одличен гол даде и Санчо за конечни 2:0 за Манчестер и пласман во нокаут-фазата. За гигантот од „Олд Трафорд“ ова е 19-ти пат да ја поминат групната фаза, што е рекорд за еден англиски клуб.

- Оглас -

Најнови вести