Роналдо се појави во тренинг-центарот на Јувентус (видео)

Кристијано Роналдо утрово пристигна во тренинг-центарот на Јувентус за предвидените тестови за ковид-19 пред приклучувањето на групните тренинзи. Португалската ѕвезда пред две недели се врати во Торино и беше 14 дена во карантин, кој заврши денес и ќе може да тренира со екипата штом добие зелено светло од лекарите.

Изминаа 72 дена откако Роналдо ја напушти Италија, поточно се врати во Мадеира на 8 март, веднаш по мечот Јувентус – Интер. Неговата мајка Долорес претрпе мозочен удар и сакаше да биде покрај неа, а набрзо потоа се прекина првенството во Серија А, додека Италија прогласи вонредна состојба поради пандемијата со корона-вирусот.

https://twitter.com/cmdotcom/status/1262691577471827970

- Оглас -

Најнови вести