Роналдо се враќа по една година во Мадрид, ќе стане легенда на „Марка“

Кристијано Роналдо ќе добие големо признание и ќе стане една од легендите на познатиот шпански медиум „Марка“, а во понеделник по тој повод ќе пристигне во Мадрид, за првпат по една година откако го напушти Реал Мадрид.

Португалецот досега цела година умешно избегнуваше да дојде во главниот град на Шпанија, но сега дојде време за камбек, а поводот е значаен.

Ремномираната „Марка“ од 1997 година го доделува престижното признание „Легендите на Марка“, а Роналдо ќе биде новата голема легенда на шпанскиот медиум и ќе присуствува на церемонијата што треба да се одржи на 29. јули.

Најавено е дека играчот на Јувентус ќе допатува во Мадрид на денот на одржувањето на свеченоста за да ја прими наградата што досега им е доделена на величини од калибарот на Мајкл Џордан, Мохамед Али, Мигел Индураин, Рафаел Надал, Диего Армандо Марадона, Мајкл Фелпс, Михаел Шумахер и на големиот ривал на ЦР7 од фудбалските терени Лионел Меси.

- Оглас -

Најнови вести