Роналдо се врати на тренинг, но шансите да игра против Јужна Кореја се 50-50

Добра вест за португалската репрезентација е дека Кристијано Роналдо се врати на тренинзите, откако вчера не се појави на терен, туку работеше со физиотерапевт, а лоша вест е дека тројца репрезентативци не тренираа, додека шансите на Роналдо да игра утре против Јужна Кореја се 50-50.

За Нуно Мендеш, Мундијалот е завршен и тоа е хендикеп за европските Бразилци, кои утре треба да освојат еден или три бода за да избегнат дуел со Бразил во осминафиналето во Катар, а и со пораз би биле први во група ако Гана не го победи Уругвај.

Во составот ќе ги нема Данило, Мендеш и Отавио, а Роналдо е неизвесен. Селекторот Фернандо Сантош ја остави отворена дилемата.

„Ако биде доволно спремен, Кристијано ќе игра утре, а ако не е, нема да игра. Шансите се 50-50 да заигра. Ќе видиме на тренингот. Сакаме да играме против Бразил, тоа би бил одличен меч, но не во осминафиналето, подобро подоцна да се сретнеме“, вели Сантош, кој веројатно ќе ги поштеди и играчите кои имаат жолти картони.

- Оглас -

Најнови вести