Роналдо става сол на раните на Јувентус, бара да му се исплатат 20 милиони евра

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо ќе бара од Јувентус да му усплати 19.9 милиони евра на основ на наводен долг, пишува весникот „Газета дело Спорт“.

Оваа сума одговата на исплатата кога била договорена меѓу Роналдо и Старата дама за време на прекинот на првенството во Серија А поради пандемијата на коронавирусот.
Управата на Јувентус и Португалецот се договориле за време на прекинот на сезоната, Роналдо да зема помала плата, а остатокот да го добие наредната година.

Италијанскиот клуб тврди дека ја платил оваа сума, но Роналдо тврди дека не ги добил парите. Според весникот, Роналдо им наредил на адвокатите да започнат процедура за отплата на долгот.

Обвинителството во Торино отвоти истрага поради неправилности во финансиското работење на Јувентус и веќе покрена кривични пријави против сега веќе поранешниот претседател Андреа Ањели и целиот Управен одбор кој минатиот понеделник со поднесе колективна оставка.

Поранешниот управен одбор е осомничен за кршење на правилата за лиценцирање на играчи и клубови како и за прекршување на финансискиот фер-плеј.

Едно од обвиненијата е дека управата потпишала анекси на договорите за намалување на платите на фудбалерите за време на пандемијата на коронавирусот, но наводно остатокот од платата им го давале во кеш со што избегнале плаќање данок.

- Оглас -

Најнови вести