Роналдо суспендиран на два меча, ќе треба да плати и парична казна

Кристијано Роналдо ќе ги пропушти следните два меча во првенството на Саудиска Арабија, одлучи Дисциплинската комисија на фудбалската федерација во оваа земја. Роналдо беше исклучен во полуфиналето од Суперкупот, кога Ал-Наср загуби од Ал-Хилал, а Португалецот предвреме мораше да го напушти теренот поради директен црвен картон.

При обид да изведе аут, Роналдо ги загуби нервите и намерно со лакт го удри противничкиот фудбалер, а тоа го виде судијата и го исклучи.

Покрај двата меча суспензија, Роналдо ќе треба да плати и парична казна од 5.500 евра, која е симболична ако се знае колку заработува Португалецот во Ал-Наср.

- Оглас -

Најнови вести