Роналдо упати порака во стилот на Ибрахимовиќ

Кристијано Роналдо на најдобар можен начин се врати во фудбалот. Португалецот отсуствуваше 20-тина дена откако беше позитивен на Коронавирусот, но од пред два дена неговиот тест покажа дена е негативен на опасниот вирус и можеше повторно да се врати на теренот.

На гостувањето кај Специја, Роналдо одигра 35 минути и за тоа време даде два гола, па Јувентус од 1:1, на крајот стигна до убедлив триумф. Најголемата ѕвезда на Јувентус изјави дека е пресреќен што повторно може да игра.

„Долго време бев надвор од теренот иако се чувствував добро и немав никакви симптоми. Се вратив на тоа што најмногу го сакам – фудбалот. Кристијано се врати, а тоа е најдобрата работа“, рече Роналдо по победата на Јувентус кај Специја.

 

- Оглас -

Најнови вести